Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева чиј глас се слушна на снимките на италијанскиот медиум „Ла Верита” за случајот „Рекет”, утре треба да се појави во обвинителството во улога на сведок, за да даде исказ пред обвинителката Вилма Русков.

Јанева во видеата на италијанскиот „Ла Верита“ му вели на Орце Камчев „се ќе биде добро” за што се правдаше дека го барала како сведок во предпостапка.

До сега за случајот кој ја тресе македонската јавност и политичка сцена сведочеа обвинителките Лиле Стефанова која исто така беше спомната во снимките од страна на Орце Камчев, и обвинителите Елизабета Јосифовска и Бурим Рустеми, меѓу кои и шефицата на кабинетот на Јанева.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.