Падот на оваа власт е извесен и очекуван. И тој пораз на оние кои ни носат само порази мора да биде голем и убедлив, за да имаме сила да ги смениме работите, порача преку отвореното писмо Игор Јанушев.

Обраќајќи се до СДСМ, Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ им порача дека нема да им поминат сите лаги кои ги посипуваат и со кои ја напаѓаат вистината.

Нема лага која не ви ја демантираше времето, да ги редам ли??? … дека ќе добиеме датум за преговори, дека нема да има предвремени избори, дека ќе го отворите судството како пупка…, пишува Јанушев.

Јанушев додава дека сака однапред да им каже на оние од другиот табор дека ова не е времето како од 2016-та или 2017-та година,

Сите црни пари собрани од рекети за овие избори нема да ви помогнат, ниту пак оние пактови со криминални подземја ќе ви извлечат гласови. Нема да ви помогнат ниту оние претходно проверени и увежбани шеми на рекордни гласања, ниту пак оние параполициски сили кои влегуваа во предизборните молкови и договараа гласови, а нема да поминат бидејќи народот е свесен и неговата волја нема да ја украдете. Иако знам дека сето тоа го планирате, однапред да ви кажам нема да ви успее. Со ваква ваша активност само ќе продолжите да тонете … со таа разлика што овој пат нема да не повлечете со вас!, порача Јанушев.

Целото писмо на Јанушев:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.