Сите членови на Извршниот одбор на СДСМ на вечерашната седница се спротивставиле на одлуката Зоран Заев да си замине од лидерската позиција, вели за „Фокус“ висок партиски функционер. Сепак, според неговите зборови, Заев повторно опстоил на ставот дека неговата одлука за повлекување и од владата и од партијата е дефинитивна, и покрај сугестиите дека партијата може да влезе во уште подлабока криза.

На крај донесена е одлука да се предложи одржување на внатрепартиски избори на 12-ти декември, што треба да помине на партискиот Централен одбор, каде веќе е усвоен дневниот ред и се води расправа.

Изворите за „Фокус“ брифираат дека постојат стравувања дека по повлекувањето на Заев партијата ќе влезе во фаза на партиски поделби, со оглед дека се најавуваат неколку кандидатури за партиски лидер. Оттука, според нив, само прашање на време е колку ќе издржи владата предводена од СДСМ, без оглед дали ќе се зголеми парламентарното мнозинство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.