Од клиничката болница „Аџибадем Систина“ ги демантираат тврдењата на Габриел Бајрам, син на починатиот политичар Амди Бајрам, дека при тестирање во нивната болница добил негативен резултат на Ковид-19, а потоа во телефонски разговор му било кажано дека дошло до некаква грешка, и резултатот сепак бил позитивен.

Лицето кое го цитирате во текстот дошло на тестирање во лабораторијата на болницата на 26.10. 2020. Со оглед на тоа што резултатот од молекуларниот тест ( ПЦР) бил позитивен, освен на лицето, известување за тоа е испратено и до Институтот за јавно здравје што е задолжителна обврска. Во целост ги отфрламе и тврдењата дека нашата болница го информирала лицето дека има негативен резултат на ПЦР молекуларна детекција на вирусот Sars – Cov 2, наведено е во демантот од болницата.

Бајрам на социјалните мрежи објави наод од негативен тест за ковид-19, кој го направил во лабораторијата „Биотек“ на 28 октомври.

Во разговор за „Фокус” потврди дека тоа било негово второ тестирање. Првично се тестирал во Систина, и тврдеше дека резултатот бил негативен, за да потоа телефонски го известат дека сепак е позитивен.

Немам симптоми и добро се чувствувам. Што да и кажам на мојата фамилија, по овие нелогични резултати кои ги добивме? Нека се изјаснат здравствените служби, рекол тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.