Синовите на поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, сега директор на Македонски железници, Хари Локвенец, се истепале во прилепска дискотека. Во видеото кое се споделува по социјалните мрежи е прикажана масовна тепачка во ноќен клуб, во која, како што се тврди учествувале Локвенен јуниорите.

Нормално МВР нема да реагира оти ги штити како бели мечки. Тоа се тие “шерифи” и не е само Прилеп тоа се случува секаде, се вели во коментарот.

Видеото погледнете го ТУКА.

Пред две години Илија Локвенец, еден од синовите на функционерот од СДСМ, сексуално нападнал девојка, а потоа го претепал и другарот кој тргнал да ја одбрани. Претходно слични инциденти правел и во Црна Гора каде бил на екскурзија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.