Истрагата околу Драги Рашковски добива нови димензии, при претресот во неговата канцеларија на Правниот факултет во Скопје, која ја користела и фирмата „Инвока“, како што сведочат професорите на факултетот за медиумите, пронајден е софтверот за прашањата за полагање на испитот за судии и јавни обвинители од Академијата за судии и јавни обвинители. Оттука се поставува прашањето што бараат прашањата во канцеларијата на Рашковски, но и што бара приватната фирма „Инвока“ во универзитетски кампус, прашува пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле ЛЕфков.

Тој вели дека изборот на новите судии и јавни обвинители, кои го положиле испитот, бил проследен со критики во јавноста, особено што имало поголем број кандидати кои положиле со 100 од вкупно 100 поени, но и голем број синови, ќерки и роднини на високи функционери на власта.

Судии и обвинители станаа Билјана Иванова, сопруга на синот на Цветанка Иванова, Кирил Георгиев, син на врховниот судија Наќе Георгиев, Александра Макаровска Димовска, поранешна вработена во СЈО, внука на Станка Атанасова, поранешна пратеничка од СДСМ од Свети Николе, Гордана Василева, поранешна вработена како соработник во Основниот суд во Струмица, блиска пријателка на генералниот секретар Рашковски, ќерките на обвинителките Лилјана Спасовска и Гордана Смаќоска, синот на заменичката на Катица Јанева, Елизабета Јосифовска и мноштво други. Софтверот со прашањата за испитот за судии и јавни обвинители во канцеларијата на Рашковски фрла дамка и сомнеж врз целиот процес, врз неговата легитимност, и точност, истакнува Лефков.

Пратеникот прашува дали прашањата за судии и обвинители им се давани на одредени кандидати однапред или пак истите се продавани? Дали Рашковски местел и тргувал со прашањата?

Според информациите кои излегоа во медиумите софтверот на Академијата за судии и јавни обвинители е одржуван од страна на фирмата „Инвока“, поврзана со Рашковски и крими тендерите. Таа ги имала прашањата, а во влада каде генерален секретар бил Рашковски се наоѓал серверот. Прашањата, софтверот и серверот за прашањата за испитот за судии и обвинители се на релација Рашковски – „Инвока“. Од овде бараме ЈО да преземе итни мерки за расчистување на овој случај. Да се повикаат на распит сите кои го положиле испитот и да се разгледа неговото поништување или повторно полагање. Не може судии и обвинители да бидат плод на криминал и местенки. Одговорност веднаш, нагласува Лефков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.