Репортерите на Бугарската национална телевизија БНТ го пронајдоа синот на вториот возач на автобусот кој во моментот на трагичната сообраќајна несреќа на автопатот „Струма“ спиел во специјалната кабина за одмор на возачите, во средишниот дел на автобусот.

Телевизијата открива дека Кадрим Мемеди е името на вториот возач, а неговиот син Бесар ексклузивно за БНТ изјави дека телото на неговиот татко било пронајдено во кабината за спиење. Не возел, но не е потврдено. Синот бил во Бугарија за да го препознае телото и се вратил дома.

Неговиот татко имал 54 години, со над 20 години искуство. Често патувал во Германија и Турција и ги знаел рутите. Автобусот бил технички исправен, вели неговиот син.

Бесар тврди дека „Беса Транс“ има сервис и во Турција. Неговиот татко заминал во четвртокот, а во петокот веќе бил во Турција.

Кадрим во петокот оттаму му се јавил на синот. Во автобусот не дозволувал патници со опасен багаж – ниту со пиротехнички средства, ниту со гориво.

Автобусите беа стари 3 години и технички исправни.

Од списокот на преживеани во несреќата, според Бесар, кој не е на списокот за патници на „Беса транс“ има еден – со име Шади Науф ал Салех.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.