Во интервјуто за Сител јавниот обвинител Вилма Рускоска која вчера од премиерот Зоран Заев беше предложена за раководител на ЈО за гонење на организиран криминал и висока корупција, во врска со случајот „Рекет“ истакна дека Судот мора да ги прифати аудио и видео снимките како доказ.

Таа нагласи дека во најскоро време ќе заврши вештачењето на телефонот на Јавниот обвинител Катица Јанева, кој минатата недела и беше одземен во врска со случајот „Рекет“.

Таа посочи дека синот на Катица Јанева рекол дека вториот телефон и е изгубен во Белград.

Во врска нејзиниот евентуален избор за раководител на новото ЈО за гонење на организиран криминал и висока корупција, обвинителката Рускоска истакна дека веќе има 25 години стаж во обвинителството и дека доколку биде избрана ќе ја исполни задачата.

Уапсените Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Кичеец се осомничени дека зеле 1,5 милиони евра за преку јавен обвинител врз кој имале влијание да ја олеснат положбата на лице кое е под истрага.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.