Потпретседателот на Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) Енвер Ајдини реагира дека директори во училишта од политички позиции вршат притисок врз нивни колеги да се отчленат од овој синдикат.

Истовремено делите пристапници за синдикатот на кој со години плукавте, со укажување дека ние, вистински независните сме опасност за образованието. Ние што со години даваме сè од себе за да ги оттргнеме наставниците и образованието од прангите на политичките партии – пишува во реакцијата на потпретседателот на НСОН.

Во отворено писмо, Ајдини, кој беше дел и од Наставничкиот пленум во 2015 година, потсетува дека пред шест години заедно се спротивставиле на експерименти во образованието, раслојување и неправедно вреднување на трудот.

Вели дека со функциите ја изгубиле критичката мисла и в рака зеле различен аршин од тој со кој мереле заедно во 2015 кога, како што пишува во реакцијата, биле обединети околу идејата за достоинствен и функционален труд на просветните работници, за образование по мерка на децата и иднината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.