Во вторник, 27 октомври, во 17 и 45 часот, Македонскиот полициски синдикат организира протестен собир за остварување на подобри услови и права во полициата.

Протестот е насловен: „За остварување на подобри услови и права во полицијата“. По тој повод преку соопштение се обрати Претседателот на Синдикатот во полицијата во Македонија, Орце Коцевски.

Обраќањето ви го пренесуваме во целост.

Почитувани членови, почитувани вработени во Полицијата,

Кога повторно ќе се навратам пред повеќе години го гледам оној чуден поглед на вработените во наведените институции кога некој ќе им спомне Синдикат и нивното неверување дека постои некој кој навистина има за цел да биде нивен претставник а не само „кредитно биро“. Тежок е овој период додека вработените сватија дека Синдикат на Полиција во Македонија како Синдикат е решен да истрае во оваа борба која во едно мое обраќање ветив дека ќе ја водам до последниот свој атом се до конечна победа и враќање на Професионализмот и сите изгубени права. Поразот или неостварувањето на било кое ветување  ќе беше најголем срам за мене како Претседател на Синдикат на Полиција во Македонија  и такво нешто од овој момент на добивање на Вашата доверба за мене не е прифатливо.

Довербата за жал во изминативе години е изгубена поради оние кои во секое нивно соопштение откако сватија колкава е сериозноста на СПМ милуваат да се нарекуваат „единствени репрезентативни“ а од репрезентативност знаат само да се напијат добро репрезентативно вино. Легитимитетот кој им го даваат законските прописи во изминатиот период го употребија само за едно а тоа драги мои е ВЛОШУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ЗА РАБОТА НА ПОЛИЦИСКИОТ СЛУЖБЕНИК, тешко поправлива штета која нам во  изминатиот период ќе ни биде предизвик да ја поправиме.

Ние како Синдикат на Полиција во Македонија имаме една вистинска замисла, ПОЛИЦИЈАТА да биде институција над институциите. Институција во која сите ќе бидат ценети и задоволни од својот работодавец, институција која ќе не почитува како нејзини претставници и најважно од се институција која е должна да го врати изгубеното во минатото а тоа е ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ, департизирана и деполитизирана па од тука ќе си земам за право да упатам апел од сите Вас,  до  Министерот и ќе побарам од него да достои на даденото ветување при неговото назначување дека овие цели кои се совпаѓаат со целите на СПМ ќе ги оствари и ќе наметне еден нов принцип кој ќе значи враќање на довербата на граѓаните кон Полицијата а воедно и враќање на Професионализмот на полицискиот службеник. Сите институции под Ваша надлежност неколку пати си земав за право да Ве замолам и да инсистирам до Вас при донесување на кадровските одлуки да се внимава професионалците да не бидат во никој случај казнети само поради политичката припадност или неистомислење туку заштитени, заеднички да ги отстраниме сите можни закани и сомнежи на сите оние кои професионално си ја извршувале функцијата, ниту еден вработен да не се дозволи да биде изложен на политичкиот елитизам, време е вработените и припадниците на МВР да бидат ценети од аспект на професионализмот а не политичката припадност. Секој кој ја вршел и ја врши својата функција чесно и достоинствено од наша страна Ви ветувам ќе се трудиме да биде заштитен и повеќе никогаш да не се дозволи никој ама баш никој да гази по животот и мирот на институцијата Полицаец. Ваквиот гест Министре за Нас ќе беше доволен доказ дека Вашата намера е искрена и реална а за сите останати доказ дека веќе сме на патот кон Европска Македонија.

Синдикат на Полиција во Македонија станува сериозна институција и тоа мора така да го сватите Вие како сегашен така и секои идни Министри, директори или непосредни раководители. Тоа што ние како припадници на Министерството во идниот период ќе го бараме од Вас е одраз на нашето залагање да ја вратиме честа не само на институцијата која ја претставуваме туку и честа на нашите семејства за ПОДОБАР ЖИВОТ. Воедно како и што многупати   така и сега ќе Ви кажам нашето работење ќе помине по следната агенда: БОРБА ДО ОСТВАРУВАЊЕ НА СИТЕ ПРАВА КОИ ВО ИЗМИНАТИОТ ПЕРИОД ГИ ЗАЦРТАВМЕ а се надевавме дека  во соработка со нашиот работодавач набрзо ќе почнеме да ги остваруваме.

Почитувани членови, КОЛЕГИ, почитувани вработени во Полицијата. Пред нас е историски момент можеби за ПРВ пат во ПОЛИЦИЈАТА, да се искажува ваков РЕВОЛТ, ваков вид на ПРОТЕСТ.  Најнапред Ви се обраќам на сите со цел сите заедно МАСОВНО да излеземе на ПРОТЕСТОТ и да дадете својот придонес во остварувањето на правата пред се за ДОСТОИНСТВЕН ЖИВОТ. Со Вашето присуство и дадена подршка ќе бидеме на чекор пред остварувањето на нашите и Ваши барања за подобри услови за живот и работа. Од Вас зависи дали СЕГА или после некое „идно време“ условите ќе се подобрат или не.

Ајде ЗАЕДНИЧКИ ДА ИЗЛЕЗЕМЕ и да побараме:

  • Тендер за сите видови на униформа во Полицијата,
  • СТОП за незаконските распоредувања,
  • ДОДАТОК за борбата против коронавирусот,
  • НОВ Колективен договор во МВР,
  • ПРОФЕСИОНАЛЦИ на чело во МВР,
  • СТОП за МОБИНГОТ,
  • Подобри услови и права за ПОДОБАР ЖИВОТ,
  • ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО во МВР,
  • СТОП за пресметка со СИНДИКАЛНИТЕ ПРЕСТАВНИЦИ НА СПМ,
  • ЗГОЛЕМУВАЊЕ на ПЛАТИТЕ во Полицијата,
  • Признавање на СПМ во МВР – одблокирање на ЧЛЕНАРИНА.

Затоа на ден 27.10.2020 година ИЗЛЕЗИ и дај допринос во БОРБАТА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПОДОБРИ УСЛОВИ И ПРАВА ВО ПОЛИЦИЈАТА!

Немаме друг избор, ИЗЛЕЗИ И ИЗБОРИ СЕ ЗА ПОДОБРИ УСЛОВИ И ПОДОБАР ЖИВОТ и запомни само едно:

“ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ ВО ПОЛИЦИЈАТА МОРА ДА СЕ ВРАТИ”

Затоа заедно да излеземе на 27.10.2020 година и да кажеме  „ПРОТЕСТИРАМ“ за:

  • Конечно да добијам УНИФОРМА,
  • Конечно да добијам достоинствена ПЛАТА,
  • За струја и вода во сите полициски станици,
  • ЗА стари и крпени униформи и опрема задолжени пред 15 и повеќе години
  • За соодветна заштита при работа,
  • За ПРОФЕСИОНАЛЦИТЕ конечно да бидат вреднувани,
  • За нов модерен и ЕВРОПСКИ Колективен договор во Полицијата
  • За секојдневна пресметка со неистомисленици и ПРОФЕСИОНАЛЦИ,
  • За секојдневни незаконски прераспоредувања,
  • Невладеење на правото во Министерството за внатрешни работи
  • Затоа што освен нас, се работи за нашите деца,
  • Да не дозволиме да ги изгубиме нашите деца да заминат во странство.

Сакам одтука да им пратам силна порака како до Министерот така и до неговите подредени послушници –  началници и командири. ПРЕСТАНЕТЕ со притисоците кои ги правите према вработените каде барате неизлегување на протестот. Престанете со претходно воведената пракса за „измислување“  и планирање на денот на протестот измислени обезбедувања, технички денови за чистење на оружје, ангажирање на ПЕП, менување на распоред во 5 до 12 итн. Една ден ќе се срамите за сето ова што го правите. Дозволете вработените мирно и достоинствено да го искажат својот револт. И тие сакаат да имаат „живот“ како  Вас.

Вам почитувани вработени Ви порачувам и Ве охрабрувам да запомните: Веќе не зависи од НАС, од Вас зависи! Не ПОДЛЕГНУВАЈТЕ НА ПРИТИСОЦИ И ЗАКАНИ од НИКОГО. Вие заслужувате ДОСТОИНСТВЕН ЖИВОТ! ИЗБОРЕТЕ СЕ ЗА ТОА! Затоа Ве поканувам да излезете на протестот.

НапоменаЗа време на протестот задолжително придржувањекон протоколите на Владата за заштита од вирусот „Ковид19“. Се гледаме на протест!    

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.