Од вторник на 26, 27, 28 и 29 април со почеток во 16.00 часот пред Собранието на Република Македонија, членовите на Синдикатот на полицијата во Македонија СПМ, заедно со четири грански синдикати во рамките на Конфедерацијата на слободни синдикати во Македонија КСС, ќе протестираат за, како што велат, да го искажат револтот на вработените во полицијата поради ниските плати.

На протестот од страна на СПМ ќе биде побарано единствено:

• ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ ВО ПОЛИЦИЈАТА – 1 ЕВРО – 1 БОД.

Со таа цел, тие ги покануваат и повикуваат заедно како синдикати во рамките на Министерството за внатрешни работи и МПС и НСП да дадат подршка, учество и придонес во наведеното искажување на револтот и незадоволство.

Заедно да кажеме дека „Во МВР ПЛАТИТЕ СЕ НИСКИ“ и не е онака како што некој друг сака да прикаже.
Ајде заедно да излеземе и да го прикажеме незадоволството што владее во ПОЛИЦИЈАТА и да прикажеме дека најпрвен НАЈВАЖЕН ни е вработениот пред се, неговиот живот и ДОСТОИНСТВО што го поседува, велат од СПМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.