Синдикалната организација на Фондот за здравствено осигурување при САДУ најави дека  го одржи веќе најавениот штрајк. откако раководството на ФЗО не одговори на барањата на синдикатот ниту пак се одзва на повикот за решавање на проблемите во синдикатот.

Раководството не се одзва ниту на периодот даден за договор и социјален дијалог пред одрќување на штрајкот на вработените, напротив има игнорантски однос спрема синдикатот и вработените во фондот.Откако раководството не се произнесе по барањата, синдикатот ќе го одрќи најавениот штрајк и ќе продолжи со своите активности доколку продолжи ваквиот однос од страна на институцијата.Штраккот ќе се одржи на ден 30.12.2019 год.

Ги повикуваме сите вработени на солидарност, да излезат и да го поддржат штрајкот бидејќи ова е борба за подобри работнички права и услови кои очигледно не се предмет на меѓусебна расправа и социјален дијалог-велат од синдикатот.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.