Синдикатот на полиција во Македонија реагира дека Министерството во изминативе неколку години станало предмет на подбив кај граѓаните, поради што бараат оставка од министерот, Оливер Спасовски.

Не можам а да не реагирам за тоа како едно најдобро Министерство за внатрешни работи во изминативе години стана предмет на подбив кај граѓаните на Република Македонија.

 

Секако лично ВЕРУВАМ И УБЕДЕН сум дека најзаслужен без никаков сомнеж е министерот Оливер Спасовски, кој во изминативе години успеа да го допре дното а сигурен сум и подоле од тоа во сите области кои „вода може да му носат“ неговите претходници. 

 

Но, благодарение на Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ, колку толку успеавме барем малку да го балансираме нанесениот срам, понужување, распоредување, вознемирување итн, итн….. 

 

ДОСТА Е СО ВАКВОТО ПОНИЖУВАЊЕ, Министре Спасовски, како претседател на СПМ, во мое име и во име на нашето членство БАРАМ ТВОЈА ОДГОВОРНОСТ И ОСТАВКА ВЕДНАШ – реагира претседателот на СПМ Орце Коцевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.