Подолго време следиме и сметаме дека крајно време е да расчистиме многу работи, не дека тоа нешто многу ќе промениме но сепак сакаме како Синдикалци да испратиме ЈАВНО едно предупредување и гласно да не слушнат сите оние чесни професионалци кои во се поголем број не подржуваат, се вели во писмото на Синдикатот на полицијата на Македонија.

МВР години наназад никако да излезе од лавиринтот наречен НЕПРОФЕСИОНАЛИЗАМ и тоа за жал почнувајќи од највисоките структури па се до доле.
5 години без малку господине МИНИСТЕР МВР го раководите Вие, за жал време е да сумираме што направивте па да почнеме од најбитното за нас а тоа е темелот наречен Колективен договор. Да со твојот партнер се испофаливте дека направивте НОВ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР, но тој е еден од најлошиот колективен договор кој досега го потпишал некој , договор кој целосно паѓа на штета на работникот и работничките права, договор кој го умртвивте синдикалното движење во Министерството.
Следно во низата „професионализам“ без консултација на нас како СИНДИКАТ кој од личен ИНАЕТ не го признавате замислете почитувана Македонска јавност, планира да се донесе нова СИСТЕМАТИЗАЦИЈА од која набрзо сите ќе ги боли главата се разбира најпрво Вас како Министер а потоа и нас професионалците кои како и досега ќе не може да ги оправиме работите кои претходно биле рушени и права стекнати со закон неповратно ќе бидат ИЗГУБЕНИ. СИСТЕМАТИЗАЦИЈА без да се даде мислење од другите синдикати е НИШТОВНА СИСТЕМАТИЗАЦИЈА и тоа Вашите правни советници до сега требало да Ви го кажат!
Реновиравте или реновирате објекти кои не биле реновирани со години. Секоја чест потрошивте средства од кои боли глава ама боли глава и од реалната слика. Затоа еве од тука ги покануваме медиумите да излезат и на терен па да снимаат како тоа се распаѓаат неполна година подоцна реновираните проекти и кој го одобрил техничкиот прием, ајде господин Министер тука се медиумите ќе им кажеме неколку такви објекти ќе ги снимат и ќе ви ја покажат сликата од која само ќе стане појасно што се работи и колку се сработило а потоа истражувачкото новинарство може ќе открие и кој колку се офајдил за тоа.
Униформите па униформите да не биде Ве напаѓаме многу еве ќе кажеме дадовте униформи ама какви или ајде да кажеме уште еднаш на 1200 колеги им дадовте „јакнички“ од 300 грама и тоа летни, нараквици, две капи и по еден пар панталони и кошули скоро на сите колеги, четврта зима по ред нема зимски јакни за околу 2000 млади колеги, нема униформи за новите приправници, е да и ременот да не го заборавиме и тој е дел од опремата која ја добивме еднаш прашавме што ќе ние ремен ако немаме панталони ама сега може појасно е зошто бил тој ремен панталони имаме ама ременот го немаме.
Нападите кои во изминатиот период ги трпиме кога нели како што тврдевте пред јавноста “режим беше на власт” и тогаш а богами и денес се очигледно директно контролирани од врвот на истата таа институција на која додека не бевте министер и се обраќавте како крими институција за наша жал едно е очигледно а тоа е дека тој врв кога се работи за СПМ најчесто застанува кај оној кој ја врши функцијата Министер оти нели претходно кога не бевте Министер истите тие беа соработници на режимот а денес се соработници на една демократска власт која за жал не сака да го спроведе правото стекнато по закон и тоа токму поради нивен ќеиф.
Смени, незаконски прераспоредувања, секојдневни закани, уцени, злоупотреби на правилникот за социјални мрежи кој за жал најмногу го критикувавте а ви стана најсилна алатка за справување со неистомислениците и професионалците. Сега ТИ го измисли и Етичкиот кодекс па удри најјако на професионалците и неистомслениците додека „нашите“ можат да прават што сакаат оти нели се наши.
До тука е дојдено и од тука јавно го повикуваме и би се спуштиле на негово ниво “дечкото” да олабави, или во најмала рака да се заинтересира овие пракси да престанат, пошто нели, сме демократска власт и не се служиме со инструментите на „Режимот“.
МИНИСТРЕ, ја труете секоја мисла која не се согласува со Вашиот непрофесионализам, правите притисок врз критиката, напаѓате безкрупулозно со сета артилерија и за жал на тој начин генерално ја оплескавте.
И мораме да бидеме искрени за волја на вистината во најмала рака ветувавте одговорност за оние кои го имаа ова гореспоменатото поведение во минатото после секое дадено ветување се криете без храброст каква е таа прилика од човек кој едно вети а друго спроведе. Сметавме дека ќе бидете борец и ќе се борите против лошиот колективен, ударите на професионализмот, и сите малициозни работи кои нели „режимот“ (кој не го вадите од уста) ги употребуваше против вистинските професионалци ама вие се уште немате храброст во лице да се соочите со фактот дека се е лук и вода. За критиката која на времето ни аплаудиравте сега не ни смееме да зборуваме оти нели сега е демократија.
За на крај искористете го Вашето влијание (додека имате време) а ние знаеме дека го имате во Владата и Собранието и донесете решение со кое ПЛАТИТЕ на вработените во МВР ќе им бидат поголеми со платите од месец Јануари 2020 година. Направете барем една работа по која ќе бидете позитивно запаметени во МВР ИАКО ВЕЌЕ Е ДОЦНА за тоа……
На самиот крај Ред, правда или дисциплина што беше тоа Министре?

Ајде сите заедно да допринесеме и повторно ПОЛИЦИЈАТА кај вработените да биде задоволна професија.

ДА СЕ ВРАТИ ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ ВО ПОЛИЦИЈАТА!, се вели во писмото на Синдикатот на полицијата на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.