Нема поминато еден цел ден од изгласување на законот за попис, а власта започна да се заканува. Граѓаните не го прифатија законот за попис и имаше бурни реакции по социјалните мрежи и коментираа дека државата нема да добие статистички туку политички попис, власта започна да се заканува на граѓаните кои нема да се попишат ќе бидат санкционирани.

Директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски, се закани кој нема да учествува во пописот ќе одговара кривично, а за тоа е казна од 5 години затвор.

Првиот обид да не се излезе во пресрет да се дадат податоци, а е обврска по закон ќе биде санкциониран. Ќе биде санкциониран. Ние ќе поднесеме пријава , ние не сме казнена институција меѓутоа ќе поднесеме до обвинителството. Но, ќе поднесеме и на мотиваторот на таквото дејство – нагласи Симовски во емисијата „Вин вин“.

Симовски потенцира дека ако не се излезе во пресрет за време на пописот тука веќе се сноси и кривична одговорност, а казните во законот предвидуваат 5 години затвор.

Се надевам дека ќе има доволно памет во оваа држава – рече Симовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.