Наш предлог е во пописот во 2020 година да не бидат вклучени т.н. етнички прашања, односно да не бидат застапени прашањата за етничката и религиозна припадност. Би бил многу среќен кога би можело да се вклучи и овој белег во пописот, меѓутоа во едни понормални околности. За жал полето на интервенција на политиката беше токму за ова прашање – вели во интервју за „1тв“ директорот на Завод за статистика, Апостол Симовски.

Тој не вели дека етничкото прашање е небитно.

Нема употребна вредност во пописот при градење на државни политики во областа на развојот. Но, кога ќе се ставите во ситуација да бирате меѓу две зла, можноста да се даде прилика повторно да се политизара пописот или да го исклучите и да ја елиминирате политизацијата на пописот, тогаш сметаме дека е подобро да се избере помалото зло – искрен е Симовски.

Според него, евидентен е недостатокот на статистичите податоци.

Дај Боже да немаме таков политички притисок врз пописот, но за жал не е така. Еднаш мора да се тргне и некој да го направи првиот чекор – вели Симовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.