Невреме со ветер, дожд и ситен град претпладнево го зафати Велес.

За кратко време улиците во градот кои се без атмосферска канализација беа преплавени со вода што го отежна движењето на сообраќајот.

Обилниот дожд и силниот ветер направија вистински хаос во градот кој се гледа на видео снимките и фотографиите кои велешани ги споделуваат на социјалните мрежи.

Од Регионалниот центар за справување со кризи за МИА изјавија дека по пријава за паднато дрво на улица „Борис Трајковски“ интервенирале пожарникари од Територијалната Противпожарна Единица, како и дека засега не се пријавени поголеми штети од институциите и граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.