Кандидатката за претседател на државата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова по откажувањето на дебатата закажана за вечерва на телевизија Телма од страна на нејзиниот противкандидат поддржан од СДСМ Стево Пендаровски се огласи на својот Твитер профил.

Порача:

„Навистина жалам што Стево ја откажа дебатата планирана за денес на Телма. А можеше да научи нешто за ЕУ.“

По овој потег на Стево Пендаровски се поочигледно е дека тој избегал од соочување со Гордана Силјановска Давкова по неколкуте дебакли што му беа приредени на претходните соочувања со неговите претседателски противкандидати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.