Професорката Гордана Силјановска со статус за Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од холокаустот.

Денес е Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од холокаустот. Во врска со навредите кон извонредно образованата министерка Рашела Мизрахи би сакала да истакнам неколку работи.

Во Македонија никогаш немало анти-семитизам. Всушност, во нашиот идентитет е вграден и холокаустот. Повеќе од 7000 од Евреите од Македонија беа депортирани во Треблинка меѓу кои и семејството на министерката. Нам треба да ни годи кога тие за себе велат ние сме македонски Евреи, кога велат дека немало анти-семитизам на македонско тло.

Всушност, Евреите се дел од македонскиот идентитет. Сме имале и Еврејско мало, имаме и Музеј на холокаустот, имало и има синагоги. Евреите треба да бидат во преамбулата на Уставот. Понекогаш бројот на присутните е ирелевантен, напиша Силјановска на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.