Професорката Гордана Силјановска-Давкова на Фејсбук излезе со свое видување за актуелната состојба со корона вирусот и односувањето на власта.

Таа вели дека умна Влада во вонредна состојба не се затвора, туку се отвора, бара совети од Претседателот на државата, од народниот правобранител, соработува со опозицијата и споделува информации со неа, бара совети и мислења од експерти, се обидува да гради национален консензус за клучните прашања врзани за економијата, во пресрет на економската криза, ако не и депресија.

За жал, во оваа криза затаија глобалната хуманост и солидарност, толку неопходни во глобалната политика, којашто не е можна без глобална соработка.
Краткотрајната самоизолација помага во оневозможувањето на ширењето на вирусот, но долгата изолација се заканува со економска катастрофа. Политичката изолација, ароганција и самозадоволство, пак, туркаат во политичко (само)убиство!-коментира професорката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.