Пред Владата на Република Македонија се оддржа првиот сенароден собир во организација на ВМРО-ДПМНЕ со кој се одбележа почетокот на кампањата за Претседател на Република Македонија на кандидатката проф. д-р Гордана Силјановска Давкова.

Таа презентираше дел од принципите и вредностите кои ќе ги застапува доколку победи на претседателските избори.

Темелните вредности мора да ги почитуваме. Ние вистинските Европјани имаме обврска да потсетуваме на темелните вредности. Не се оди во Европа со реторика туку со почитување на вредностите. Замислите тие членството во ЕУ го замислуваат како качување на воз кој оди во Брисел, не Брисел треба да дојде овде, нагласи Силјановска Давкова

Таа им порача на граѓаните да „бидат сигурни дека ќе ги направиме горди“.

Бидете сигурни дека ќе ве направиме горди. Сум ги направила горди моите студенти и како пратеничка гордо ве застапував вас, за разлика од нив. Проверете ја и утврдете ја разликата. Споредете што зборуваат едните, а што другите. Не правиме компромис со вредности, немаме право на тоа, зошто така ја нагризуваме гордоста на Македонија, рече Силјановска Давкова.

Таа нагласи дека како претседател би се однесувала надпартиски, со градење сојузи и консензус.

Ќе бидам своја глава. Ако во извршната власт има две глави треба да соработуваат. Надвор нема да заминам пред да изградам консензус за најважните државните прашања. Не се оди надвор во дуел, туку во дуо, рече Силјановска Давкова.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.