На крајот на гласањето во вториот круг од претседaтелските избори помислив дека она за што се залагаше професорот Река, велејќи дека очекува индивидуални гласови и одлука од граѓани, а јас верував во тоа, сепак тоа не се случи. Заклучокот ми беше дека сепак македонискиот свет не се сменил, дека одлуката во последните саати ја донеле партиите, а не граѓаните, рече Гордана Силјановска Давкова, која беше кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, при гостувањето на телевизија Алфа каде зборуваше за случувањата и впечатоците од изборите.

Таа укажа дека во едно општество за сите, како што говореа од СДСМ, можат да биди исти само граѓаните, а како што рече „нам ни се случи поделба“.

На изборите едно е сигурно дека не изгубив поради програмата, поради концептот. За тоа добив многу признанија и тука и од надвор, рече Силјановска.

Според неа демократската консолидација е предвизвик во Македонија.

 

За жал јас не гледам се’ уште знаци за тоа, на тоа треба да се работи, посочи Силјановска.

На прашањето дали помислила да оди сама на изборите, Силјановска со одговор: „Имав предлог да настапам и сама на изборите и тоа од дијаспората, но јас сум реална и знам дека без партија е многу тешко да се оди на избори. Треба логистика за избори, тоа не е натпревар на знаење“.

Според неа несвојствено е што премиерот Зоран Заев беше најактивен за време на претседателските избори.

Одењето на одмор на Заев заслужува коментар. Премиерот наместо да се држи на страна тој беше најактивен, па затоа сега заслужува одмор, рече Силјановска.

За неа пак како што рече сложено е прашањето за тоа дали таа би се нафатила на некоја функција.

За членство во партија не размислувам, но за функција ми велат никогаш не вели не. Сепак во моментов не сум размислувала за нов ангажман, посочи Силјановска.

И како што рече, го информирала и евроамбасадорот Самуел Жбогар дека треба да се почне со системски промени како корекции во насока владата да делува како тим, бидејќи сега имаме влада во влада, или две влади, два парламенти и слично.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.