Силјановска Давкова: За образовна реформа треба сериозен пристап и консултација со сите фактори, не реформа – заради реформа, особено не врз деца

 Во гостување во Дневникот на Сител, професорката и пратеник во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова денеска во врска со новата образовна реформа и интеграцијата на историјата во заеднички предмет, вели дека за образовна реформа треба сериозен пристап и консултација со сите фактори и институции, не реформа – заради реформа, а ова е најлошо време за реформа врз деца.

Ние имаме документи Македонската академија, Институтот за национална историја, Институтот од филолошки факултет, на сите институции и јас не би се осудила кога би била министерка ако сум човек кој имплицира знаење и образование да не ги послушам и да не размислам, сигурно министрите не се најумните, тие се слуги на граѓаните, а за вакви реформи треба време како што вели претседателот на МАНУ, и треба сериозен пристап, а околу реформите сум кажала многу пати, реформи во вакви тешки времиња на здравствена криза не се прават особено не со деца, посочи Силјановска Давкова.

Силјановска вели дека потребна е консултација со сите фактори, за да не се прави реформа, заради реформа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.