Силјановска: Мојата филозофија е кажувам – реализирам

Македонија 25.04.2019 / 22:55

Се држам до зборот, најважен ми е. Знам што е беса, синоним сум за знаење, се залагам за граѓанско мултилкултурно општество. Вака Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на МТВ обајсни зошто треба да биде избрана на овие избори и додаде: „Ќе сторам се да станеме демократска пристојна досадна држава држава во која владее правото. Јас сум жена и изборот на жена е доказ за демократски капацитет на државава“. Таа укажа дека постајно ќе ги убедува граѓаните дека сум таму заради нив, а не заради нејзината кариера.

Ако сум успеала на направам кариера, значи мојот збор ќе тежи и во политиката, укажа Силјановска. Силјановска кажа и која е нејзината филозофија. -Ќе направам се за она што го кажувам да го реализирам. Мојата филозофија не е кажувам-заборавам-негирам, туку кажувам -помнам и остварувам, рече Силјановска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.