Пропаста на економијата драга Мила започна кога Вие станавте Вицепремиер за економски прашања. Па, кога видовте дека сѐ оди удолу се скривте во глувчешка дупка и почнавте на прес конференции да испраќате професионалци, да ги горите за своите грешки во одлучувањето и погубните резултати за справување со кризата, реагира преку фејсбук-пост, професорката Гордана Силјановска-Давкова на колумна на Мила Царовска објавена во еден од весниците.

Јас не сум таа која во сите проекти со меѓународни организации ставам буџет за промоција на мојот лик и дело. Ниту ја злоупотребувам функцијата и снимам партиски спотови во работно време во кабинетот како она со ’30 прашања за Мила Царовска’, пишува Силјановска-Давкова.

Таа потврдува дека се грижи за сопствениот интерес, додавајќи дека по 30 годишна успешна академска кариера во право, се труди и во пракса да ја врати политиката во рамките на правото.

Пропаста на економијата драга Мила започна кога Вие станавте Вицепремиер за економски прашања. Па, кога видовте дека сѐ…

Gepostet von Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова am Samstag, 4. Juli 2020

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.