Универзитетската професорка по уставно право, Гордана Силјановска-Давкова, на денешната јавна расправа за Законот за јавно обвинителство посочи дека членот 109, ставот 1 и ставот 2 е потребно да се корегираат, бидејќи, како што рече, директно се мешаат во Советот на јавни обвинители.

На членот 109, став 1 и став 2, апсолутно не им е местото во Законот за јавно обвинителство, затоа што тоа значи директно мешање на законот во работата на Советот на јавни обвинители. Имено, во рок од 30 дена од влегувањето на сила на овој закон се вели дека Основно јавно обвинителство ќе донесе одлука за зголемување на бројот на јавни обвинители за гонење на висок криминал. Не може закон тоа да наредува, а исто така сметам дека ова не е страшно да се корегира. Во истиот предлог-закон еднаш е наведено се вели дека во рок од 15 дена од донесувањето на одлуката од ставот 1, Советот на јавни обвинители ќе распише оглас. Ниту ова не може во овој закон да го пишува, бидејќи не е работа на овој закон – изјави Силјановска-Давкова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.