Професорката Гордана Силјановска – Давкова на власта и порачува дека и при полициски час мора да им овозможи на кучињата за кусо време да излезат од дома.

„За Мали, неговите роднини и пријатели“

Мали е вдомено улично куче, член на семејство, како и мачорот Чи. Мали е наш семеен лекар и лек. Слободно талка низ дворот, си игра со Чи и нема проблем со самоизолацијата. Ама, многу кучиња и кога мораат, не можат да излезат надвор. Како да им објасните дека е полициски час?
Власта, по примерот на државите на кои постојано се повикува, и при полицски час, мора да им овозможи и ним, со придружба, да излезат за кусо време од дома, пишува Силјановска – Давкова на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.