Прво ова дело е едно такво хибридно чудно скроено дело, второ може да зборуваме за насилство, за толпа, меѓутоа за терористичко загрозување на уставниот поредок за среќа со ниту еден мртов или без киднапирање, без окупирано собрание, не можеме да зборување за терористичко загрозување, вели универзитетската професорка и пратеничка Гордана Силјановска Давкова во отвореното студио пет години подоцна од настаните за 27ми април.

Силјановска Давкова потенцираше дека со овој режиран случај всушност се влеа страв во коските кај граѓаните за да не реагираат по она што потоа власта го направи.

Овде се вели страв кон граѓаните, но не напротив овде се влеа страв во коски кај луѓето. Зошто? За да може да се изведе лесно она што потоа следеше и тоа е таа приказна. Пет години потоа ми се чини дека никој не верува од претседателот па до кој друг дека се случил тероризам, кажа таа.

Силјановска Давкова ги искоментира изјавите дека претседателот тогаш планирал да прогласи вонредна состојба укажувајќи дека таквите изјави се перфидни зошто шефот на државата може да прогласи вонредна состојба само во два случаеви и тоа во случај на големи елементарни непогоди или некоја епидемија.

Толку перфидно и перверзно звучеа дека претседателот се спремал да прогласи вонредна состојба. Па дали знаете дека вонредна состојба може да се прогласи само во случај на големи елементарни непогоди, или во случај на некоја епидемија, нагласи Силјановска Давкова.

За Силјановска Давкова овие лица не се терористи, ниту пак делото за кое се осудени е терористички чин, додавајќи дека потребна е преквалификација на истиот.

Сметам дека тие луѓе ниту се терористи, ниту делото може да се квалификува како терористички чин, значи потреба е преквалификација, децидна е Силјановска Давкова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.