За  пет години го добив вистинското политичко искуство како пратеничка и бев една од најактивните, ја бранев уставноста и законитоста и гласав по сопственото убедување, вели професорката Гордана Силјановска-Давкова за тоа што е поразлично од минатиот пат кога исто така беше кандидат за претседател на државата.

И се потврдило дека Парламентот е школа на демократијата и дека не секогаш може да се изборите за она што го предлагате.

Нам ни требаат силни институции а не моќни политички поединци кои за жал најчесто се политички хиени-вели посочува Давкова во интервјуто за „Република“.

Таа убедува дека е подготвена за она што ја чека во следните неколку недели и оти сега е помудра, амбиентот е различен, власта е политички импотентна и оти граѓаните може да споредат што зборувал во Собранието сегашниот претседател Пендаровски кога беше пратеник, што правеше овие години, што мораше да направи а не направи.

Мислам дека во сите параметри, од корупција и криминал, до сиромаштија и минимална плата, загаденоста на животната средина сме на врвот, но во владеењето на правото во заштитата на правата и слободата, во респектот на најдобрите кои во рамките на еден ужасен егзодус ја напуштаат државата ние стоиме далеку  од ЕУ.Ете тоа е предизвикот за мене-набројува професорката.

Силјановска има силна порака за денешниот почеток на изборната кампања.

Ќе испратам порака и да ги прашам граѓаните дали се горди и на кого се горди, да се запрашаат дали навистина ги претставуваат оние кои ги штитат државните и националните интереси или сопствените  и олигархиските интереси и што треба да направиме за да биде Македонија пристојно место за живеење.Дали  е ова една пристојна Република оти Републиката секогаш се темели и го почитува интересите на граѓаните-порачува претседателскиот кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ.

Силјановска оценува дека денеска институцијата претседател е целосна маргинализирана и оти во тоа голема заслуга има сегашниот шеф на државата.

Таа е маргинализирана иако е точно дека Уставот му дава на државата повеќе церемонијални отколку ефективни овластувања, но не е така.Тој беше послушен и не беше автономна или самостојна глава во однос на Владата каде има еден чуден премиерски систем, двовластие ако сакате а се фалат со филозофијата едно општество за сите кое е општество на индивидуи и на рамноправни граѓани.Меѓутоа ние не само што немаме едно општество за сите, ние имаме две влади, две Собранија, две министерства .Разногласие имавме дури  и во надворешната политика имавме разногласија иако таму мора да има консензус.

Професорката има цврста намера како иден претседател повеќе пати да се обраќа во Собранието.

Не е тоа бројка, не е статистика, туку вие ако ги претставувате граѓаните тогаш треба нивните проблеми да ги презентирате пред пратениците.Или ако сте првиот во склучувањето на меѓународните договори и ако ја преставувате Македонија не само дома туку и надвор тогаш треба да трагате по консензус.Тоа го прават сите наши соседи.Ако нема консензус меѓу претседателот и владата тогаш вие сте слаб надвор. Претседателот има надлежност и да предлага двајца членови на Судскиот совет- најлошите наместо најдобрите, исто така и за Уставниот суд..Нашиот претседател, заради оние 40 проценти во вториот круг има најсилен легитимитет во Европа.Тој легитимитет треба  да го користи.

Силјановска уверува дека нема да го следи примерот на Пендаровски и да потпишува сѐ што ќе и пратат  од Собранието.

Потписот со Указ воопшто не е случаен.Ако имате околу себе стручен тим и ако се консултирате за секој закон негирајќи ја вистината дека Собранието е законодавен орган.Меѓутоа,ако се работи за решенија што се неуставни вие имате не само право туку и обрврска да предупредите на тоа.

Силјановска нема дилема кој е најскандалозен Указ што го потпиша Пендаровски.

Се знае.Тоа е Указот за измените на Кривичниот законик.Тоа е катастрофа на владеењето на правото.Катастрофа во поглед дискриминација-недискриминација и последиците ги гледаме сега.Требаше да предупреди Европската комисија и за уште еден фамозен закон за игри на среќа за претседателот да се подзамисли.Претседателот е под Уставот и мора со сопствениот пример да покаже почитување на Уставот.

Професорката посочува дека имаме многу проблематичен Уставен суд.

Имаме пример на уставни судови како германскиот или шпанскиот кои не само што оценуваат уставност и законитост, туку ги штитат слободите и правата на човекот и граѓаните.Овој состав на Уставен суд кај нас не е таков и таму требаат реформи. Мојот предлог за двајца уставни судии ќе бидат најпознатите правници по германскиот пример каде има пет места загарантирани за професори по уставно право.Уставниот суд е круна, тој не е дел од редовното судство меѓутоа е важен демократски фактор и контролор.

Професорката за прв пат за „Република“ открива дека Македонија треба да почне лобирање за членство  во Советот за безбедност на Обединетите нации како непостојан член.

Тоа го можеме бидејќи ние сме имале и во ОН претставници, дипломати кои останале запаметени.И овде имаме луѓе кои се изворедни во дипломатијата и има што да кажат, само што треба да се однесуваме одговорно, посветено, да лобираме, да покажеме и да докажеме дека иако сме мала држава имаме  и ние зад себе историски ама и сега субјекти, универзитети, наука што изнедрила личности-државници кои рамноправно можат да одлучуваат  во надворешната политика.Тогаш кон нас ќе се одлучуваат со почит.Ама ако вие не заслужувате почит тогаш тоа ќе дојде до израз во секој разговор.Ако го зборувате тоа што не го мислите, ако не го зборувате тоа што морате да го кажете, ако го зборувате тоа што другиот сака да го чуе-тогаш вие не можете да бидете достоинствени.Потребни се темелни реформи и да ги препознаеме луѓето кои знаат и умеат, луѓе кои се почитувани надвор, оти сликата за Македонија и односот кон Македонија на претставниците на ЕУ и САД во голема мера зависи кој ја претставува.Ние сме потонати во тешка криза не само на лидерство туку и на просечност и потпросечност.

Во однос на уставните измени и односите со Бугарија Силјановска најавува дека ќе се залага за принципот на реципроцитет.

Меѓу Бугарија и Македонија  сега нема никаков реципроцитет.Значи во духот на добрососедството и на соработката меѓу двата народи кои се однсувале и треба да се однесуваат пријателски Бугарија треба да биде таа што ќе ја поддржува Македонија.Немам ништо против ако поради кршење на копенхашки критериуми добиеме вето, ама да добиме вето за да смениме Устав а истовремено тој што ја бара уставната промена да нема ниту една одредба во Уставот за заштита на правата на малцинствата е тотално нелогично-објаснува Силјановска во интервјуто за „Република“.

Професорката верува дека можеме да ја направиме Македонија горда,  иако признава дека тоа ќе биде еден долг процес.

Прво да не си ја забораваме историјата и коренот.Менувајќи ја Преамбулата тие ја менуваа историјата што е недозволиво.Не можете да се откажете од Илинденците, од Гоце Делчев, од Антифашистичкото партизанско  движење и од слободата извојувана со сопствени сили.Не може да се откажеме од Повелбата на Обединетите нации во  која нема мали и големи држави.Треба да потсетувате ако сакате да бидете дел од ЕУ на темелните вредности и принципи на Унијата.Треба на вистински места да дојдат најдобрите и најумните а не да заминуваат од Македонија.Треба да го оставиме судството да суди на мира.Треба да бидеме горди на дострелите во културата и уметноста, на спортистите, на научниците.Ако Македонија ја претставуваат најдобрите и ги цени, тогаш гордоста ќе се врати, на улица ќе гледаме среќни лица.Како да бидам горда ако живеам во земја која се смета за најнесреќна или за најнеобразована, имаме повеќе  Универзитети по глава на жител од Британија.Мораме да ги одбереме оние што веќе се Европјани или Американци.Оние кои што се докажани, тие имаат самодовреба, и нивниот рамноправен настап во сите области ќе доведе до почит.Ако сте почитувани вие ќе бидете горди.Републиката да стане  горда повторно-посакува Силјановска-Давкова

Целиот разговор слушнете го во видеоинтервјуто кое го водеше Игор Чавески

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.