Се фалат дека се пред прагот на НАТО. НАТО беше стратешки интерес на сите партии, меѓутоа за НАТО исто така не е доволно само да потпишете договор и за НАТО се критериумите за Европската унија. Но, знам дека заради тие геостратешки интереси ќе влеземе во НАТО.
Но, замислите, оние кои што велат дека се државници заборавија дека ние и немаме амбасадор во НАТО. Тоа е многу чудно, бидејќи обично во пресрет на влезот треба да се организира. Да не говорам и за неспремноста на Министерството за одбрана да одговори на многу предизвици за НАТО.
Да, знам дека нашите луѓе, нашите војници освојуваат медали по светот, награди, меѓутоа дома немаат чевли. Ова влада не направи ни стратегија, ниту пак план, не само за НАТО и ЕУ туку и за сите споменати прашања. Се разбира малку и беа замислете две ипол години речиси за освен името, ништо друго да не реши. Си ги решаваа сопствените проблеми, рече вечерва Гордана Силјановска Давкова на митингот во Ресен кој го организираше ВМРО ДПМНЕ, чиј кандидат за претседател е таа.

Според професорката на скопскиот Правен факултет, Владата е поставена на тоа место за да ги решава народните проблеми.

Немаме независно судство, имаме криво судство. Немаме парламент како законодавно тело, бидејќи парламент бе опозиција, не постои. Немаме квалификувана администрација а таа е костур на секоја држава и без неа нема реформи. Но имаме секојдневно скандали па станавме земја на скандалите. Имаме секојдневно фамилијарни вработувања и имаме нешто што никаде и никој го нема во моментот, може го има во Северна Кореја или Северен Виетнам забранети филмови, забранети претстави, претпоставувам или пак ако сакате презентации во тесен круг на луѓе, мислам дека се плашат од народот. Забранети книги имаме. Дваесетина книги има за убиствата или обидите на Дегол, уште толку за браќата Кенедиеви. Да не говорам за Соединетите Американски Држави, да не говорам за жестоките критики на претседателот Буш, меѓутоа никој не забрани филм, никој не забрани книга. Мислам дека ни во комунизмот тоа го немаше во оваа земја. но како што гледате тоа е нивната промена, тоа се нивните реформи.
Да или 49-тата а можеби и 1913 меѓутоа во една друга форма, рече вечерва Силјановска Давкова.

Но, таа смета дека и кога сме на колена и кога сме паднати и кога мислиме дека сме изгубиле неколку битки, во нас нешто се крева, во нас нешто опстојува бидејќи еден претседател во кој тие се колнеа велеше дека Македонија е се што имаме, тие го заборавија тоа.

За нив Македонија е се што немаат, ама јас сум убедена дека Македонија повторно ќе биде се што имаме, бидејќи ние немаме друг избор, ние немаме друга Македонија, не постои Република Јужна Македонија. Смешно е некој да помисли дека од територијата сме го добие името, не територијата не е суштество и не дава име, името е врзано за нацијата, за луѓето, за Македонците.
Ако сме опстоиле и во Отоманската империја, ако сме опстоиле во сите битки и ако сме положиле темел на модерната Антифашистичка Европа, ако на 8-ми септември гласавме за Македонија во огромен број како тогаш без болка да ја читаме Преамбулата во која што замислете пишува дека илинденците, партизаните се бореле за Северна Македонија, дека на 8-ми септември сме гласале за Северна Македонија. Не, Северна е нивна, а Македонија е наша.
Велат дека идентитетот не бил тесно поврзан со името, но ние им велиме на студентите дека името е најважниот идентитетски знак и кога се работи за индивидуа, и кога се работи за држава.
Никој во историјата, ниту една држава не се нарекла Македонија, никој во историјата не се нарекол македонски, кажа Силјановска Давкова.

Таа од говорницата го постави прашањето: Кои се Македонците и која е македонската држава.

Тоа сте вие, тоа сме ние, ама тоа не се тие, бидејќи ако се срамат од химната или ако се плашат да ја интонираат тие имаат сериозен идентитетски проблем ама ние немаме.
Студено е и да не должам многу.
Што ќе правиме?
Најпрво чекорот што доаѓа, победа на претседателските избори не заради мене, тука е вашиот претседател Мицкоски и тој знае дека кога ми предочи кога ми предложи вакво нешто јас бев шокирана, никогаш не сум сонувала ниту пак сум имала желба за некаква политичка функција после 90-тите години, ама аргументите што ги чув причините што ги чув, мислам дека навистина беа за размислување.
Неверојатно сум ви благодарна за она што го сторивте на Конвенцијата во Струга, бидејќи се разбира сам никој не може да победи, не се изборите натпревар по ум по знаење, не не се, треба да има некој зад вас, некој кој што имате заеднички став за најважните проблеми, некој кој што решил навистина да ја реформира Македонија, некој кој што решил навистина да посегне по реформи, некој кој што знае што е идентитет, некој кој што отворајќи ми мене порта решил да отвори нова страница во македонската историја, тој некој треба да победи на предвремените парламентарни избори.
Мислам дека сме на патот навистина да покажеме и да докажеме дека вреди да се инвестира во знаење, дека вреди да се биде чесен, дека вреди да се биде патриот, дека вреди да се биде со својот народ, зошто без тоа навистина нема да има промени.
Ова вреди, ме обврзува и мене. Доколку го добијам вашиот глас и доколку како претседател на сите граѓани без оглед на етничката, расна, верска или било каква припадност се обврзам на реформи дека ќе почнам една долга листа. До вас ќе се обраќам во парламентот, но не за да покажам колку сум силна или дека имам реторички вештини, туку затоа што вашите проблеми ќе ги нотирам таму, од оние на лицата со посебни потреби, до оние на младите преку оние на лекарите, на земјоделците, луѓето кои животот го вложиле во најубавите јаболка на светот а сега не можат да ги продадат, на оние кои што имаат социјални проблеми во животот,за да ги заинтересирам пратениците и за да ја сензибилизирам владата и да покажам дека не е таму за вежба демократија на нас и да се богати, туку за да ги решава вашите проблеми.
Ви ветува дека она што го пишувам во трудовите и во книгите дека не може да има здрава, досадна држава во која што функционира се само од себе . зошто? Заради процедурата дека ќе го направам на мој специфичен начин.
Во сите тела кои претседателот има право да предлага луѓе, во Уставниот суд, во Советот за безбедност, гувернерот, понатаму кога треба да разговара со неговиот партнер политички, министерот за одбрана или министерот за надворешни работи, иако не знам како човек може да разговара со нив, со се надевам дека еден друг суштински разговор веќе наесен ќе се појави како природен, разговорот со новите министри од новата влада, потенцираше кандидатката за претседател на ВМРО ДПМНЕ Силјановска Давкова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.