Дури и името е неразделен дел од правото на самоопределување, заедно со знамето, со химната, Уставот, смета кандидатската за претседател која се пријави на конкурсот на ВМРО ДПМНЕ, професорката по политички систем Гордана Силјановска Давкова.
Според неа, право на секој народ е да си го одреди политичкиот систем, симболите, химната, бидејќи тоа е нешто што е врзано за ова право.
Како што гледате, сегашните власти се откажаа и од него. Но, за да се покренат постапки, за да се направи околу претседателот еден тим на експерти кои ја знаат оваа материја, потребно е и Влада да има од поинаков тип. И оваа Влада треба да си замине, затоа што меѓународните односи се поделена надлежност меѓу шефот на државата и меѓу Владата, односно Министерството за надворешни работи – изјави Силјановска Давкова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.