Со таква страст тука во Велес ја слушнавме химната што се срамам да го кажам она што го слушнав на патот наваму, дека на денешниот натпревар химната била интонирана без текст. Се прашувам дали е тогаш слободна Македонија ако е иредентизам да ја пеете химната? Дали е ова слободна земја ако во Уставот ги пишува трите најважни симболи на државата, меѓу кои и химната, покрај грбот и знамето и се прашувам дали за власта важат законите оти има закон што се носи си 2/3 мнозинство, исто со какво се носи и Уставот за да се каже какво е значењето и величината на химната. Дали важи овој закон за премиерот и за владата…запраша претседателскиот кандидат, Гордана Силјановска Давкова на вечерашниот митинг во Велес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.