Да си член на Беса и да си ја отповикаш Бесата е невидено и нечуено. Освен ако… 

За професорката и пратеничка Гордана Силјановска Давкова Македонија е земја на чудата, во која може да се даде, па да се отповика оставка, да се одложи на неопределено време, да се отповика потпис, но и да се отповика бесата.

Земја на чудата: отповиклива оставка, одложена оставка на неопределено време, отповиклив потпис… ама да си член на Беса и да си ја отповикаш Бесата е невидено и нечуено. Освен ако…????

Коментарот на Силјановска доаѓа откако пратеникот на Беса (завет, чесен збор) ги го повлече зборот и реши да не се појави во Собранието за да обезбеди мнизнство и да гласа за недоверба на Владата.

Беса (албански: besë) – чесен збор, даден збор што се смета за светост во традиционалната култура на Албанците; ветување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.