Специјалното јавно обвинителство беше паралелен орган со буџет неколку пати поголем од други органи, а кога се создава нешто паралелно не може да се контролира. Ова во вечерашното интервју за „Само интервју“ на „Канал 5“ го изјави универзитетската професорка Гордана Силјановска Давкова.

Според Силјановска, СЈО е страшен пораз на правната држава.

Ние треба да избираме судии и јавни обвинтели кои не се таму по партиска блискост или непотизам, туку заради знаењето што го имаат зад себе. Aко се одбираат луѓе кои што не се доволно образовани и немаат знаење, од нив може да очекувате „Рекет“. Ако вие синомимот за реформите, го врзете за трите ангели, а сега зборувате за демонизација којашто завршува на чуден начин, тогаш тоа е страшен пораз на правната држава, рече Силјановска, додавајќи дека мора да има многу построги критериуми за изборот на судиите.

Силјановска додаде дека ветингот е признание дека судството е потонато.

По телевизиите гледаме судијки, судии, јавни обвинители на кои не им е местото по телевизии, некои од телевизиите наликуваат на Бродвеј, Карла Дел Понте не изведувала докази по телевизиите. Не може да функционира правната држава ако оние што биле директно или индиректно поврзани со првообвинетите го овозможувале тој процес, тие не се невини, со чинење или со нечинење, тие знаеле што прави Бојан Јовановски, го гледале како пријател, сега одеднаш не го познаваат, одеднаш сметаат дека притворот за него е потребен е етичка дилема, додаде Силјановска.

Целата емисија со професорката:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.