Бизнисменот Сиљан Мицевски денеска по втор пат се појави во Јавното обвинителство во врска со истрагата за случајот „Рекет“, а за новинарите изјави дека ќе ги бара парте што му ги дал на Меѓународниот сојуз на Боки 13.

Не сум ѝ дал пари на пензионерка. Пари сум дал на Меѓународниот сојуз на Јовановски и нормално дека ќе си ги барам назад, рече бизнисменот Силјан Мицевски пред да влезе на распит.

На 19 август во Обвинителството сведочеше пензионерката Лилјана Тодоровска, на чија сметка бизнисменот Силјан Мицевски на име на авторски хонорар уплати 720 илјади евра за наводен проект за старски домови.

Тодоровска рече дека парите ги подигнала во кеш и ги дала на одредено лице од Меѓународниот сојуз на Боки 13, без да прецизира за кого точно станува збор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.