Сиљан Мицевски е убеден во тоа дека проектот за изградба на куќарки за пензионери ќе бил успешен. Ја имал поддршката и од градоначалникот на Охрид Јован Стојановски, но тој починал. Во изјава за телевизијата Телма тврди дека не бил рекетиран.

Никој не ме рекетирал. Можат што сакаат да зборуваат за Бојан Јовановски но тој кај мене дојде со реален проект и со ништо ме нема уценувано. Договорот е јасен, потпишан од неколкумина членови на невладината на Боки, Меѓународен сојуз и сега поради тоа што не се исполнети условите од страна на сојузот јас поднесов тужба, вели Мицевски во изјава за Телма.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.