Откако денеска во судот на распит дојде Силјан Мицевски и рече дека парите не ги платил како авторски хонорар туку на сметката на Меѓународен сојуз, новинарот Бранко Героски, праша: Кој тоа лаже?

Мицевски вели дека парите не ги платил како авторски хонорар, туку на сметката на Меѓународен сојуз. Хмммм… Бабата на чија сметка биле уплатени парите сведочеше дека ги подигнала и дека потоа некоја жена и ги зела. Арафат Муареми од Финансиската полиција јавно изјави дека порано ја испитувале трансакцијата на сметката на бабата, но дека не нашле ништо сомнително. Имам впечаток дека некој овде опасно лаже, а можеби и фејкува документација. Се надевам дека обвинителката Русковска е внимателна. Зашто, станува збор за 750.000 евра, за кои се уште не се знае кај се.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.