– Дали е точно дека силата на Катица Јанева доаѓа од премиерот кој во една прилика и вели „Не се секирај, се ќе се среди“. Каде се Фрики и Кики кои вршеле уцени? Тука се вклучени директно лица од власта. Дали при средба во домот на првообвинетиот чест гостин е висок функционер на СДСМ со Јанева каде се договарале понатамошни постапувања? Дали е точно дека политичка заштита се високи функционери од врхушката на СДСМ? – праша Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ од власта побара одговор и на прашањето дали е вистина дека Јанева ја имало во разговорите со првообвинетиот. Мицкоскипобара притвор за специјалната обвинителка Катица Јанева и за сите други вмешани во рекетарската афера, а потоа и оставка на Владата на Зоран Заев и предвремени избори за да се спаси, како што рече, Македонија од криминалниот ганг кој управува со земјава.

Мицкоски смета дека се исполнети сите услови и за притвор на Јанева, која според него е извршителот на криминалот и рекетот поради кој засега се притворени само двајца, како жртвени јагниња, а дека нарачателите се на слобода.

– Со Македонија управува криминален ганг, вистински криминален октопод чии пипци водат дирекно до власта, многу подлабоко од двете осомничени лица кои што треба да бидат жртвени јарци – рече Мицкоски кој уште еднаш потсети дека тој прв го вклучил алармот кога пред извесно време обзнани дека обвинителката Катица Јанева барала од него поддршка за Законот за СЈО, а за возврат му нудела дека ќе го одмрзне имотот на партијата.

– Катица стана симбол за новиот октопод во државава – вели Мицкоски.

Според него верашните апсења на осомничени во рекетарската афера се само театар кој треба да ги спаси од одговорност вистинските извршители и нарачатели.

Мицкоски се наврати и на аудио разговорот со руските шегаџии.

– Пред неколку месеци јавно предупредив за ваквиот криминал, Заев се спротивстави и застана во одбрана на извршителот Катица Јанева. Мојот сомнеж е дека во сето ова се вклучени лица од самата врхушка на СДСМ – рече Мицкоски и упати неколку прашања на кои побара одговори од власта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.