Министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сјарто беше запрашан за постојаните забелешки на поранешниот премиер Зоран Заев дека Унгарија е диктаторски режим и дека Виктор Орбан е диктатор. На тоа шефот на дипломатијата имаше подготвен одговор.

Навистина не е важно што Заев мисли за ситуацијата во Унгарија бидејќи не е Унгарец. За нас е битно што унгарските граѓани мислат за состојбата во Унгарија. Внатрешната состојба е таква што ние победивме со двотретинско мнозинство и оттука внатрешните работи на Унгарија се внатрешно прашање-му порача Сјарто на лидерот на СДСМ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.