Јорданка Ивановска-Јоци на својот блог по изјавата на специјалната обвинителка Катица Јанева реагираше.

Катица Јанева во СЈО пристигнала со службено возило, и тоа само кажува дека таа има намера докрај да ги користи привилегиите и моќта.

Одземени ѝ се 2 мобилни, не е повикана на никаков ебен разговор за „Рекет“, иако ЈО информираше дека ја слушале како разговара на интерфон со осомничен што ја инволвира во „Рекет”, нема никакви мерки против неа, не ѝ е одземен пасош.

Не е осомничена, не е покренато обвинение.

ЈО конечно нека ја прекине оваа фарса, циркузијада, играрија за мали деца со мобилни и нека каже колку и дали е инволвирана Јанева во „Рекет”.

Па, не може, бе луѓе, да зборува на интерфон со Камчев во присуство на второосомничен, што е врвно прекршување на професионална етика, а сигурно не разменувала рецепти, а денеска да ја гледаме како уште користи службено возило и државни привилегии!

Јавноста ја плаќа Јанева речиси 3.000 евра месечно и има право, сега, овде, денеска, да знае што правела оваа жена додека сите мислевме дека ќе се бори со криминал и ќе донесе правда! – напиша Јоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.