Од Синдикатот на полицијата на Македонија ги повикуваат сите членови, како и сите вработени во Министерството за внатрешни работи заедно и масовно да излезат на протестот кој го организираат следната сабота, 8 мај, од 11:30 часот пред канцеларијата на ЕУ во Скопје.

Да излеземе, велат, за да го дадеме својот придонес во остварувањето на правата пред сè за достоинствен живот. Со Вашето присуство и дадена подршка, додаваат од СПМ во повикот, ќе бидеме на чекор пред остварувањето на нашите и Ваши барања за подобри услови за живот и работа. Од Вас зависи дали сега или после некое „идно време“ условите ќе се подобрат или не.

Затоа ЗАЕДНИЧКИ ДА ИЗЛЕЗЕМЕ и да побараме:

– Конечно Тендер за сите видови на униформа во Полицијата,
– СТОП за незаконските распоредувања,
– ДОДАТОК за борбата против коронавирусот,
– НОВ Колективен договор во МВР со учество на сите Синдикати,
– Конечно ПРОФЕСИОНАЛЦИ на чело во МВР,
– Доста – СТОП за МОБИНГОТ, ДИСКРИМИНАЦИЈА,
– Подобри услови и права за ПОДОБАР ЖИВОТ, ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО,
– СТОП за пресметка со СИНДИКАЛНИТЕ ПРЕСТАВНИЦИ,
– ЗГОЛЕМУВАЊЕ на ПЛАТИТЕ во Полицијата

Затоа заедно да излеземе на 08.05.2021 година и да кажеме „ПРОТЕСТИРАМ“

📌Конечно да добијам УНИФОРМА,
📌Конечно да добијам достоинствена ПЛАТА,
📌За струја и вода во сите полициски станици!!!,
📌 ПРОТИВ стари и крпени униформи и опрема задолжени пред 15 и повеќе години
📌За соодветна заштита при работа,
📌За ПРОФЕСИОНАЛЦИТЕ конечно да бидат вреднувани,
📌За нов модерен и ЕВРОПСКИ Колективен договор во Полицијата,
📌ПРОТИВ секојдневна пресметка со неистомисленици и ПРОФЕСИОНАЛЦИ,
📌ПРОТИВ секојдневни незаконски прераспоредувања,
📌Невладеење на правото во Министерството за внатрешни работи

Вам почитувани вработени Ви порачуваме и Ве охрабруваме: НЕ ПОДЛЕГНУВАЈТЕ НА ПРИТИСОЦИ И ЗАКАНИ од НИКОГО. Вие заслужувате ДОСТОИНСТВЕН ЖИВОТ! ИЗБОРЕТЕ СЕ ЗА ТОА! Затоа Ве покануваме да излезете на протестот.

Напомена: За време на протестот ЗАДОЛЖИТЕЛНО придржување кон протоколите на Владата за заштита од вирусот „Ковид19“.
Се гледаме на протест‼️ ✊✊✊

ДА СЕ ВРАТИ ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ ВО ПОЛИЦИЈАТА!

Повеќе за настанот тука



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.