Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ ја има поддршката од народот и сме пред прагот на победа, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во илинденската порака испратена од струшкото село Ташмаруништа. Тој и предупреди дека противникот од другата страна е нечесен.

Го кажувам ова многу внимателно и многу свесно. Затоа разликата на изборите мора да биде поголема, а за да се случи тоа потребно е големо обединување и народ кој ќе излезе на избори. Работата не е да направиме коалиција за власт, туку коалицијата на народот против Заев. Од тука, точката на нашето обединување е да дадеме отпор кон власта и да ја кренеме урнисаната држава на нозе. Но затоа е потребен свесен народ, и политичари кои ќе гледаат подолгорочно од своите апетити и интереси. Затоа обединувањето во еден блок против оваа власт ќе биде жесток шамар за власта која ќе падне за неколку месеци веднаш по локалните избори. И само така ќе може да ставиме точка на криминалот, на тапкањето во место и да обезбедиме иднина за сите, да обезбедиме Македонија за сите луѓе. Блок на различни, но со една цел, туркање на оваа власт. Овие локални избори не се само избори каде што вие ќе гласате за или против локалните авторите и медиокритети кои што се залегнати во своите фотелји, туку каква порака ќе испратите на тие кои упорно ги кандидираат и ги навредуваат вашиот ум и вашата интелигенција. 

Ова обединување ќе покаже кој е кој, кој е маша на Заев, а кој води автентична политика за народот. Тие што нема да се обединат јасно е дека се Заевата испостава и народот треба кон нив да ги гледа како такви, рече лидерот на опозицијата и додаде дека обединувањето ќе значи дека сме ги надминале разликите во опозицијата.

Немаме повеќе животи за трошење. На една маса мораме да седнеме сите на кои Македонија ни е важна и таква подадена рака ќе значи свесен чекор и одговорност кон народот. Народот ќе ја види разликата. Една прачка лесно се крши, но цел сноб прачки е силен како греда. Затоа тука во Ташмаруништа, на ден Илинден испраќам порака на обединување, не нешто што е многу повеќе од коалиција за власт, туку обединување на блок, составен од обесправени, жедни за правда и добар живот против власта која ги краде нашите животи и ја одзема иднината. Илинден обедини генерации Македонци за слобода, и за тоа испраќам апел за обединување против оваа корумпирана и криминална власт и рушење на локалните избори.

Мицкоски потсети дека на овие локални избори треба особено да се внимава да не се повторат грешките од минатото.

Мора да се обединиме, не постои помош од нас и помеѓу нас од овие кои што денеска ја засрамуваат и пљачкаат и ја понижуваат нашата Македонија. За тоа еден на друг да си бидеме потпора, еден на друг да си подадеме рака и еден на друг да се храбриме во оваа наша последна битка против остатоците од транзицијата, кои што ја понижија, опљачкаа и разурнаа онаа Македонија каква што сакаме да биде. Илинден е нашата светост. Посебно чувство за секој Македонец. Тоа е нашата голгота, без која немаше да има слобода. Нашата карпа врз која ја темелиме нашата куќа затоа како Македонци, како родољуби се поклонуваме на делото. Македонија е повеќе од земја, тоа е нашата љубов, нашата мајка, нашето семејство. За неа вреди се, за неа ќе направиме се.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.