Од изјавата на министерката Дескоска видовме огромна арогантност, што можеби е и очекувано со оглед на тоа од која политичка провиненција доаѓа, но она што загрижува е нејзиното “намерно” игнорирање и непочитување на законите, бидејќи како професор на Правниот факулетет би требало “добро” да ги познава, пишува генерелниот секретар на ВМРО – ДПМНЕ на својот ФБ профил.

За што станува збор? Имено, Дескоска изјавува: “Трансферот на предмети кој се случува им ги помати сметките на оние кои посакуваа после 15 септември да нема Специјален јавен обвинител, да нема некој којшто ќе ги заврши предметите, да постои институција со заглавени, незавршени предмети уште една година. Тој план направи штета – но пропадна. Сега е веќе извесно дека предметите на СЈО ќе имаат завршница со нивното пренесување во републичкото Јавно обвинителство.

Е сега, да видиме каде се јавува проблемот.

“Согласно член 60 од Закон за Јавното обвинителство е предвидено следното:
(1) Јавниот обвинител се оддалечува од вршењето на функцијата за време додека се наоѓа во притвор.
(2) Јавниот обвинител може да биде оддалечен од вршењето на функцијата за време додека трае истрагата за кривично дело или кога е поведена дисциплинска постапка или постапка за негово разрешување.
(3) Oдлука за оддалечување на јавниот обвинител од функцијата во случаите од ставовите (1) и (2) на овој член донесува јавниот обвинител на Република Македонија.
(4) Против одлуката од ставот (3) на овој член јавниот обвинител има право на жалба до Советот на јавни обвинители на Република Македонија, пишува Јанушеј кој додава:

Си играте со правдата, затоа бидете подготвени да одговарате, зошто одговорност за ова незаконие ќе има и секој индивидуално ќе треба да се соочи со санкциите и правдата!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.