Адвокатот на Сашо Мијалков,Љупчо Шврговски, после пресудата за „Таргет Тврдина“, вели дека казната за клинетот е драконска, и дека основата за притвор е незаконска.

Казната е драконска, да се даде максимум за секое обвиниение, нема да најдете во аналите каде што за секое дело е дадена максимална казна затвор“, рече Шврговски, кој за притворот коментираше:

„Во однос на одлуката на судот за притвор, мислиме дека е спротивнa од законот, бидејќи при определена мерка домашен притвор, без притоа да биде повредена обврска, да се донесе мерка притвор, сметаме дека е спротивно на член 470, бидејќи Мијалков е обезбеден, се наоѓа во домашен притвор, и не може да се даде во бегство“, рече Шврговски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.