На денешната седница на Владата на Република Македонија е усвоена
информацијата за настанот од 23 ноември оваа година, кога во Македонскиот
народен театар беше организирана прослава по повод јубилеј на навивачката
група „Шверцери“.

Владата го задолжи Министерството за култура во соодветна постапка да ѝ
наложи на директорката на МНТ од организаторите на настанот да побара
надомест на штетата направена за време на настанот, а на директорката да и
биде изречена казна со намалување на платата за 15 проценти во траење од 3
месеци затоа што направила пропуст и дала согласност за отстапување на
МНТ без писмен договор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.