Вториот сведок на денешното рочиште за случајот „Рекет“, бизнисменот Зоран Митровски, нагласи дека во 2017 година бил повикан како сведок за случајот „Поштенска банка“ во СЈО за акции што неговата компанија ги имала во оваа банка.

Адвокатот Бошков ми кажа дека имал средба со Бојан Јовановски и тогаш му станало јасно оти работата е сериозна, посочи бизнисменот.

Бизнисменот вели дека во тоа време СЈО било на врв на својата моќ и не било лесно да го пријави случајот

Митровски, како почесен конзулат на Летонија, одлучил за случувањата да го извести Алберт Сарканис, нерезистентниот амбасадор на Летонија. Сараканис имал средба со министерот за надворешни работи Никола Димитров и му пренел. Потоа од МНР се обидувале да воспостават неофицијални контакти со Митровски.

Денеска од МНР велат дека со поранешниот нерезидентен амбасадор на Летонија за земјава Сарканис, министерот Димитров имал многу кус, сосем неформален разговор за време на дипломатски коктел на тема која нема допирна точка со аферата „Рекет“, а подоцна, согласно протоколот, од Кабинетот побарале средба со почесниот конзул за да се добијат дополнителни информации, но токму конзулот Митровски немал интерес за официјална средба и никогаш не дошол на состанок.

Но, овој септемрви, министерот имаше друга приказна за тоа дали бил запознаен со рекетирањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.