За прв пат во јавноста, името на Венко Филипче како човек кој бил во контакт со рекетарите на неговиот владин шеф, Боки 13 и Катица Јанева, беше споменато на второто рочиште за предметот „Рекет“, на коешто сведок беше повикан Орце Камчев како пријавител на рекетарската шема, пишува Инфомакс.

По рочиштето, во текот на денот, потсетува порталот, изјава тогаш даде и Филипче, кој потврди дека се познавал од претходно со Камчев и дека навистина се одржал состанок во домот на Боки 13, на кој било разговарано за јавно-приватно партнерство, но кој пропаднал.

Сепак, Инфомакс открива дека немало само еден состанок во овој формат – Боки, Венко и Орце. Биле повеќе состаноци. Сите биле тематски, односно во насока да се искористи позицијата на Камчев со цел министерот за здравство да си ја обезбеди својата иднина по промената на власта. Како што пренесува порталот, тема на разговор на состаноците било склучување на јавно-приватно партнерство помеѓу Министерството за здравство и Орце Камчев.

Филипче и Боки 13 го убедувале Камчев да ја купи Градската болница „8 Септември“ и тоа во износ во висина на побараниот рекет. Од бизнисменот се барало да влезе во партнерство со Филипче за околу 10 милиони евра, a од овие одреден процент да биде исплатен во кеш пред склучувањето на ЈПП. „Каса“ би бил Боки до исполнување на договорот.

Овој план на бизнисменот му бил презентиран како „одлична можност“ повеќе да нема проблеми со власта.


Извор и повеќе на Инфомакс

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.