Лидерот на СДСМ Зоран Заев пред нецел месец ги демантираше сите спомнувања со неговото име за наводен Рекет. Тој тврдеше дека не бил дел од разговорите во кои се споменуваат од три до девет милиони евра.

Овие 4 милиони 6 милиони 8 милиони јас вие веројатно не знаеме ниту да ги напишеме. И тоа грозотијата сама по себе кажува колку со леснотија ги спомнуваат тие милионите. Само по себе демант се појави после два дена каде што се гледа дека ниту струмичанецот зборел внатре туку дека зборел Зоран Милевски-Кичеец со Димишковски. И втора работа спомнувањеѕто на некој таму не се однесува на Зоран заев, Вице Заев или било кое од имињата кои се спонати таму” изјави  Заев на 22 јуни.

Но, денешната снимка покажа дека Заев повторно излажа. Во неа лидерот на СДСМ потврдува дека и тоа како се знаел со адвокатот Васил Димишков и оти бил информиран за сумата од 6 милиони евра која тој ја побарал за да го застапува Орце Камчев.

Васил Димишков, адвокат

Во еден период се појави овој Васко, на Димишкова брат. Совет ми даде, што да праваам бара пари, значи оне ќе рече 6 милиони евра, 6 милиони евра, викам важи јас влегувам во оваа работа, вели Заев во снимката.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.