Што ти е смешно бре…, прашува портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева, но и целата македонска јавност, споделувајќи го видеото од Зоран Заев кој опуштено разговара и се смее на денешниот пречек на посмртните останки од загинатите македонски граѓани во несреќата во Бугарија.

Јавноста и претходно реагираше што церемонијата за пречекот на останките на меѓународниот скопски аеродром, на која присуствуваше целиот државен врв, се пренесуваше во живо како реално шоу.

Згрозени сме, наместо да покажат почит кон починатите, Забрчанец не се воздржува од себепромоција па на социјалните мрежи објавува фотографии со наслов: Одиме во живо наскоро. Ова е невкусно, во ваков траорен миг не треба да се размислува за промоција туку потребна е одговорност. Нема никаков одговор за автобуската несреќа, се уште се обидуваат да ја зачуваат власта преку одржување на нивната неспособна коалиција, а бугарските власти веќе дадоа првични информации по спроведената истрага, реагираше претходно Митева во име на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.