Во алармантна црвена боја утринава се обоени мерните станици кои го мерат загадување во Македонија. Но, посебно загрижувачка денеска е состојбата во Гостивар, каде утринава се измерени 983 микрограми на метар кубен ПМ10 честички.

Високо ниво на загаденост утринава има и во Скопје. Кај Ректоратот се измерени дури 425 микрограми на метар кубен ПМ10 честички, во Лисиче се измерени 155 µg/m3, а во Карпош високи 118.

Ситуацијата е сериозна и во Тетово каде утринава се измерени 110 µg/m3 ПМ10 честички.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.